Иако сè уште е зима, модните дизајнери веќе размислуваат за пролетните трендови.
Денеска се фокусираме исклучиво на чевлите кои оваа пролет ќе изгледаат одлично. Претстојната сезона е најавена како многу интересна, а во склад со тоа се и трендовите во чевлите. Впечатливите детали како кристали и пердуви, “vintage” стилови, но и некои нови модели и начинот на нивното стилизирање оваа пролет ќе ви обезбеди многу погледи и стилски “поени”. Ова се топ 5 моделите за претстојната сезона:
Некои чевли го имаат главниот збор и отскокнуваат од остатокот на вашиот аутфит.
Чизмите се дозволени и напролет, а каубојските чизми ќе изгледаат одлично во комбинација со лелеав пролетен фустан.
Освен кристалите, чевлите напролет ќе ги красат и пердувите кои веќе се присутни и во зимската мода.
Проѕирните, пластични чевли и понатаму се во мода, но сега доаѓаат во ново издание со разни украси кои ги прават да изгледаат уште подобро.
Ова е сигурно единствениот начин да ги облечете вашите омилени сандали пред летото. Сè што треба да направите е да купите некои убави чорапи со интересен дизајн или светки кои можете да ги најдете во сите “high-street” продавници.