Наслединичката на Светлана Цеца Ражантовиќ отсекогаш имала желба да отпее песна која ќе ја напише Марина Туцаковиќ, но таа желба мора да ја запостави затоа што Марина се бори со рак на дојката.
– Анастасија со месеци бара песна. Отсекогаш сакаше првата песна да и ја напише Марина. Но, поради болеста на Туцаковиќ, ќерката на Цеца одлучи да даде шанса на некој друг автор.Со мајка и преслуша неколку песни, но ниту една не и се допадна, вели извор близок на Ражантовиќ.
Тој додава дека Цеца сакаше да и ја исполни желбата на Анастасија, но поради болеста на Марина тоа е речиси невозможно.
– Цеца ја сака Марина како мајка и не сака да оптеретува. Меѓутоа, кога Марина дозна дека други автори сакаат да и напишат песна на Анастасија, веднаш и се јави на Цеца и кажа дека таа ќе напише женска, модерна песна. Пејачката се спротистави бидејќи знае каква е здраствената состојба на Марина, но авторката и објасни дека нема да и биде напорно бидејќи ја познава Анастасија уште кога беше бебе, вели изворот за Пулс.
Инаку, пред неколку дена Анастасија го прослави својот 20-ти роденден.
фото:принтскрин/клип