Радио Милева искрена

„Секој што не го прави тое е ѓубре!“ – Барбара Бобак „удри“ по колегите и нивниот однос кон сопствениот бенд (фото) 

„Секој што не го прави тое е ѓубре!“ – Барбара Бобак „удри“ по колегите и нивниот однос кон сопствениот бенд (фото) 

Пејачката Барбара Бобак моментално е една од најбараните пејачки на сцената, а важи и за кралица на бакшишите.

Имено, Барабра често се занимава со приватни прослави, а сега во едно интервју откри дека бакшишите кои ги добивала од гостите никогаш не ги чувала, туку им ги давала на своите музичари.

– Никогаш не сум земала бакшиш, оставам се да споделат музичарите, мислам дека секој што не го прави тоа е проклето ѓубре, тие луѓе имаат дневница, а пејачите земаат илјадници и илјадници евра, а ако ти треба таа илјада на твоите 6.000 евра – еве ти! – рекла таа, пренесува „Мондо“.

Да потсетиме, Барбара во една прилика откри што правела пред да влезе во пејачките води.

– Потекнувам од обично, нормално семејство. Бев одлична во основно и во средно училиште, гимназија. Долго работев како копирајтер во една австралиска компанија, бидејќи се трудев од 18 години да не им бидам товар на родителите и да се осамостојам. Работев и во теретана пред да почнам да ги пишувам тие статии на англиски. Желбата за пеење дојде случајно кога на социјалните мрежи видов објава на другарка која е пејачка. Секогаш пеев убаво, но бев срамежлива и избегнував да пеам пред други. Седев со моите пријатели од факултет во тој момент кога го видов. Инаку, студирав програмирање.

To top