Јелена Карлеуша денес со својата најнова објава на Твитер повторно привлече големо внимание и предизвика уште една лавина од коментари, ако се знае дека таа на оваа социјална мрежа постојано отворено го изразува своето мислење за различни личности и ситуации.
„Секој кој на сожалување го гради своето место во општеството – не е добар човек. Лажење на жртвата за да се добијат поени кај луѓето ја крие најгрдата позадина. Знам луѓе кои доживеале големи трагедии, но тие не дозволија сожалување, напротив. А кој игра на оваа карта, е вистинско зло“ – напишала Карлеуша.
Да потсетиме, вчера во медиумите одекна веста дека Кристина Кија Коцкар наводно има рак на дојка. Исто така е познато дека Јелена и Кија веќе неколку недели водат вистинска војна преку социјалните мрежи. Поради оваа причина, многумина овој твит на Карлеуша го позврзаа со Кија, тврдејќи дека потајно и е упатен токму неа, иако Јелена конкретно не посочи никого по име.
Сепак изгледа дека поп-фолк дивата се послужи со онаа народната итроштина: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“!