Нова година – нови можности во сите области од вашиот живот. Пари, кариера, здравје, љубов… Секој хороскопски знак ќе има еден навистина среќен ден во 2020 година, а вие дознајте кој ќе биде вашиот најсреќен ден и гледајте да не го пропуштите.
Овен: 1 октомври
Марс и Венера, двете планети што владеат со вашиот љубовен живот, ќе го направат 1 октомври емоционален ден. Кога станува збор за љубовта, за романтиката и за забавата, на овој ден ќе летаат искри. Ако сте родени во овој хороскопски знак, ставете го фокусот на сите видови нови почетоци. Искористете го овој ден максимално бидејќи нема да имате уште еден таков ден.
Бик: 8 март
Без разлика дали барате среќа во љубовта или во кариерата, 8 март ќе биде неверојатен ден за вас. На овој ден патувајте или испробајте нови искуства. Ако постојат места што сте сакале да ги посетите, резервирајте патување токму за таа недела.
На овој ден може да се појави изненадувачки нов извор на приходи. Ако некој ви понуди да направите нешто што е малку повеќе авангардно, овој ден ќе биде одличен за да го започнете тоа. И покрај тоа што мразите изненадувања и сметате дека промените се непријатни, време е да се навикнете на тоа, бидејќи Уран ќе биде во вашиот знак следните седум години.
Близнаци: 7 август
Овој ден ќе биде одличен ден за вас во однос на парите и на кариерата. Материјалниот свет започнува да биде во вашиот фокус, а вашите вредности излегуваат на површина и ќе можете да се справите со енергијата на парите. Ако имате проект што сакате да го реализирате, ова е одличен ден за да започнете со тоа. Овој успешен период ќе ви помогне да влезете во улогата на моќен креатор и ќе бидете горди што ќе имате можност да ги покажете резултатите од работата што сте ја сработиле. Вашиот ум веќе е прилично остар, но на овој ден ќе биде уште постар и ќе бидете во можност да се изразите на таков начин што ќе ви помогне да ги манифестирате своите желби.
Рак: 14 декември
Можеби за вашиот среќен ден ќе треба да почекате до крајот на годината, но ќе вреди да се чека. На овој ден ќе ги зацврстите вашите односи и тогаш ќе започне вашиот период на романтика и забава. Исто така, можеби ќе добиете понуда за ново работно место или ќе започнете нова велнес-рутина што ќе ви помогне да се чувствувате навистина добро.
Лав: 6 септември
Ако барате љубов, бидете подготвени да ја пронајдете на 6 септември. На овој ден ќе бидете толку привлечни што ќе направите другите многу лесно да се вљубат во вашата аура. Ќе зрачите со убавина и со самодоверба, а луѓето ќе гравитираат околу вас. Ова е одличен ден за да закажете прв состанок или да излезете и да сретнете некој во текот на денот. Првиот впечаток е многу важен, а впечатокот што ќе го оставите вие ќе биде толку силен што ќе направи да влезете во љубовна врска што ќе трае засекогаш.
Девица: 25 август
Вага: 7 февруари
Денот на вљубените ќе пристигне малку порано за вас. Ако сте во врска, ќе почувствувате силна интимна топлина помеѓу вас и партнерот, што ќе ви помогне да ја зацврстите вашата врска. Ако не сте во врска, овој ден ќе биде одличен ден за да остварите духовна поврзаност. На овој ден ќе бидете екстремно привлечни и ќе ги нагласите вашите природни вештини за преговори и за усогласување во деловните и во блиските партнерства. Вие сакате работите да изгледаат совршено и оваа силна желба може да го разбуди вашето внатрешно чувство за креативност и инспирација.
Скорпија: 3 октомври
Ова е ден што навистина сакате да го обележите во вашиот календар. Без разлика дали барате љубов, пари или промени во вашата кариера, овој ден ќе биде добитен. Побарајте сè што сакате, а другите ќе ги исполнат важите желби. На овој ден ќе направите позитивни чекори од коишто ќе имате долгорочна корист. Кога ќе соработувате со другите, вибрациите ќе ви бидат многу лесни, природни, поддржувачки и пријателски настроени. На овој ден ќе имате можност да се отворите и да се изразите на таков начин што ќе привлечете многу луѓето и можности за вас.
Стрелец: 15 декември
На овој ден започнува нов циклус на љубовни врски. Ќе ја отворите вратата на срцето и конечно ќе ги откриете вредностите на љубовта. Ако сте во врска, ќе сакате да ги продлабочите односите со партнерот, а можеби ќе сакате и да ја однесете врската на повисоко ниво. Ако не сте во врска, на овој ден ќе бидете многу привлечни. Со едноставно изразување ќе направите сите погледи да бидат вперени кон вас, а тоа ќе ви донесе нови искуства и средби со потенцијални партнери, нови пријатели, па дури и нови деловни можности. Самодовербата што ќе ја поседувате тој ден ќе ве направи неодоливи.
Јарец: 20 февруари и 28 март
Бидејќи Јупитер, планетата на среќата, ќе се движи низ вашиот знак во текот на целата година, вие ќе имате многу среќни денови. Но, 20 февруари ќе биде посебно среќен ден. Тогаш ќе се почувствувате емоционално стабилни и духовно исполнети, а Јупитер ќе ви донесе наплив на енергија и на ентузијазам.
Другиот датум што треба да го заокружите во вашиот календар е 28 март. На овој ден ќе владее енергијата на љубовта и можноста да стапите во брак е голема, па искористете го овој ден максимално.
Водолија: 31 март
Овој ден е одличен за потпишување документи и за започнување деловен проект бидејќи ќе бидете подготвени да преместите планини за да ги постигнете своите цели. Додека Сатурн е во вашиот знак, тој ќе ви биде извор на моќ. Во овој период ќе настанат некои промени, но вие ќе ја имате потребната поддршка. Ако досега не сте биле при себе, ќе добиете повик за будење. Ако го прифатите тој повик, ќе успеете да бидете слободни и свои.
Риби: 5 декември
Овој ден ќе биде одличен за љубов, за имагинација и за креативност. Како што се подобрува вашата способност за фантазирање, така ќе се подобрува и вашата способност за сакање и поврзување. Во вашата врска ќе постои позитивна енергија и ќе успеете да најдете комфор и во непознатото. Исто така, ќе имате желба да им помогнете на другите и да ги лекувате со својата љубезност, а тоа ќе ви помогне да внесете повеќе љубов во вашиот живот.