Јавната професија, особено за дамите од естрадата бара постојана шминка, но во зависност од личноста, нејзниот имиџ и став кон јавното претставување, интензитетот на корекцијата и дотерувањето е индивидуална работа.
Фолк пејачката Сузана Гавазова важи за една од најатрактивните во Македонија, па и кога ќе ја видите непосредно, сигурно ќе се уверите дека тоа не за џабе е така.
Дека Сузе има македонска убавина за која шминката е само минимално освежување, говори и една од фотографиите на нејзниот Инстаграм.
Велат дека убавината на жената се гледа кога ќе се раздуби од спиење, а Гавазова направи токму една таква каде само што отворила очи по напорниот вечерен настап, овој пат преку барата – во Сиднеј.
А кога се пее до утро, будењето е на пладне, се’ во зависност од следните обврски, но за пејачката важно е вежбањето и старотот на денот под полна пареа. Овој пат, во теретана со панорамски поглед.
Сузе е убава независно дали е пет наутро илиу попладне,а во време кога на социјалните межи е реткост да се види „нормална“ фотографија, ова еден убав пример и исклучок.
фото:Инстаграм принтскрин/Сузана Гавазова