Ултра долгите екстензии и силната сценска шминка и гардероба, се секојдневие на фолк пејачката Сузана Гавазова, но животот надвор од сцената е поинаков, покомфорен, живот како и на поголемиот број жени, сопруги и мајки.
Гавазова е од оние познати кои сакаат да ја сервираат приватноста на тацна за јавноста, па дури и кога станува збор за смејните обврски во домот, афинитетите кон готвењето, извршувањето на обврските…
Од приложеното може да се заклучи дека Сузе е голема мераклика за готвење, си прави ќеф за себе, за децата и за сопругот. Кога е сопругот во прашање сигурно е среќен човек со полн стомак, бидејќ нели кај мажот љубовта доаѓа преку стомакот.
Кај Гавазова дома има од појадок, ручек, вечера, десерт, а може и нешто повеќе бидејќи таа постојано е во кујната подготвена да направи некој нов рецепт.
Па така во еден ден кај неа во кујна се готват од домашни хамбургери, чорби, па се до баници.
Во домашно издание пејачката е во домаќинско издание, без шминка, долги вештачки косаи, неудобра облека, напротив сосема она спротивното.
Вака или онака, Гавазова е незабирлива жена која секогаш е подготвена и полна со енергија, како на сцена така и по дома.
фото:Инстаграм Сузана Гавазова