Радио Милева
штркот е неуморен...

„Секое лете(нце) по едно дете(нце)“: Пејачот Маријан Стојаноски по трет пат стана татко (ФОТО)

„Секое лете(нце) по едно дете(нце)“: Пејачот Маријан Стојаноски по трет пат стана татко (ФОТО)

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски одново стана татко… И тоа по трет пат. За крушевчанецот со скопска адреса на живеење очиглдно важи она непишано правило: „Секое лете(нце) по едно дете(нце)“!Тој и неговата сопруга, шармантната охриѓанка Наташа Каранџулоска станаа родители на уште едно девојче. Втора ќеркичка, како трето дете во семејството.

„Ти благодарам Господе… Добре ни дојде ќерко, Кирјана… Да си ни жива и здрава“ – кусо споделил гордиот татко на својот Фејсбук профил, сега оперски пејача и ктуелен член на хорот  на Македонската опера и балет.

Инаку, Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа за првпат станаа родители кога во 2020 година им се роди  ќеркичката Вероника која неодамна наполни три годинки.

Речиси година и пол подоцна, мама Наташа на свет донесе машко дете, а тато Маријан објави дека синот ќе се вика Петар.  Во меѓувреме она за што ги спречи короната, тие го направија подоцна – венчавка во црква и крштевка за ќерката. Тогаш објавија и дека го очекуваат второто дете.

Праксата со секое ново детенце да има и венчавка, граѓанска или црковна додека невестата е бремена, овој пат и да сакаа не можеа да ја остварат.

Зашто  невестата бремена со првото дете застана пред матичар, а потоа бремена  и со второто, застана пред поп и олтар…

На третата – среќа останува само да и се радуваат самите тие, како и целото семејство, вклучувајќи ги и кумовите кои исто така не се непознати.

Во прашање е позната брачна двојка во јавноста, долгогодишната ТВ водителката на скопската МТМ телевизија, Андријана Стојческа и колегата на младоженецот од МОБ, оперскиот тенор Никола Стојчески.

Нека им е со среќа приновата на родителите и кумството на кумовите… Штркот засега долета три пати во семејното гнездо на Стојановски. Дали е доволно или можеби да почекаме до следното лето?

Фото: Фејсбук/Marijan Stojanoski

 

 

Останати вести од Радио Милева