Живот и Стил

Секое дете мора да ги има овие 26 работи додека е во изолација

Секое дете мора да ги има овие 26 работи додека е во изолација

Ако сте загрижени дали вашите деца имаат сè што им е потребно во овој тежок период, проверете го овој список.

 

1. Поддршка

Понекогаш само еден збор за поддршка во вистински момент може да му го промени животот на детето. Затоа, трудете се да му покажете на детето дека сте тука за него и честопати потсетувајте го на тоа.

2. Прегратки и бакнежи

Децата никогаш не се премногу големи за да им покажете дека ги сакате со прегратка и со бакнеж.

3. Заеднички оброци

Заедничките оброци се идеална можност за семејно дружење, така што може да се каже дека ако семејството не јаде заедно, тогаш и не расте заедно.

4. Чувство за хумор

Смејте се со вашите деца секој ден. За ваше и за нивно добро.

5. Способност да ја видат убавината

Помогнете им на вашите деца да најдат нешто убаво во сè што ќе видат и во сите што ќе ги сретнат.

6. Можност за грешка

Децата се само деца и затоа се многу забавни, но понекогаш и напорни. Дозволете им да експериментираат, да истражуваат и да прават грешки.

7. Стабилност

Стабилен дом е темелот врз кој децата го градат целиот свој живот. Децата треба да го знаат своето место во семејството, кому може да веруваат и на кого може да се потпрат.

8. Желба да постигнат големи работи во животот

Охрабрете ги децата да имаат големи соништа. На тој начин, тие ќе постигнат повеќе отколку што мислеле дека можат.

9. Време

Времето е подарок што никогаш не можете да го вратите. Затоа, размислете внимателно кому ќе му го подарите своето време.

10. Внимание

Можеби мислите дека ова се подразбира, но размислете дали правите и нешто друго додека му посветувате внимание на вашето дете.

11. Благодарност за сè што имаат

Желбата за повеќе работи е заразна. Затоа, еден од најдобрите подароци што можете да им го дадете на вашите деца е да ги научите да бидат задоволни со тоа што го имаат.

12. Љубопитност

Научете ги вашите деца да прашуваат кој, што, каде, кога, како и зошто. Ниту еден родител не смее да им рече на децата да престанат да поставуваат толку многу прашања.

13. Одлучност

Еден од главните фактори за успех е волјата.

14. Дисциплина

Децата треба да научат како да се однесуваат, како да се сложуваат со другите, како да ги исполнат своите желби и да постигнат резултати. Дисциплината не треба да се избегнува, само треба да биде позитивна.

15. Охрабрување

Зборовите се моќни. Тие можат да создадат, но и да уништат. Зборовите што им ги кажувате на вашите деца може да ги поттикнат да имаат позитивен став. Но, вашите зборови може да ги направат тажни и очајни. Затоа, внимателно избирајте ги своите зборови.

16. Дарежливост

Научете ги вашите деца да ги споделат своите работи со другите така што ќе видат како вие го правите тоа.

17. Духовност

Би било добро да ги научите децата дека се нешто повеќе од само крв и месо. Тие исто така имаат ум, срце, душа и волја, па затоа одлуките што ги носат во животот треба да се засноваат на нешто подлабоко.

18. Чесност и интегритет

Децата кои ја учат важноста на чесноста во детството подоцна стануваат чесни луѓе. Чесните луѓе се вреднуваат повеќе, уживаат во животот и спијат мирно.

19. Надеж

Надежта е верба дека работите ќе се подобрат. Тоа им дава на луѓето сила, издржливост и одлучност.

20. Природа

Децата кои учат да го ценат светот околу нив знаат и да се грижат за него. Веројатно често им кажувате на децата дека треба да ја исчистат својата соба, да бидат уредни и чисти. Но, треба да ги научите да го одржуваат убав и чист светот што е надвор од вашиот дом.

21. Оптимизам

Песимистите не го менуваат светот. Оптимистите го менуваат.

22. Уникатност

Тоа што ве прави различни, ве прави посебни. Уникатноста не треба да се крие, туку гордо да му се покаже на светот.

23. Вашето крило

Тоа е најдоброто место во светот за читање книга, приказна или разговор.

24. Топол дом

Да знае дека секогаш може да се врати во топол дом може да биде голема утеха за детето за време на тешките периоди во животот. Потрудете се да му го обезбедите тоа.

25. Верност кон партнерот

Верноста не е само физичка работа. Бидете покрај вашиот партнер со умот, со срцето и со душата. Немојте да мислите дека вашето дете не забележува такви работи.

26. Љубов

Најдобриот подарок што можете да му го дадете на детето.

извор: Кафепауза

To top