Радио Милева за тие што незнаат

Сега е јасно од кого го наследила талентот за пеење: Лина Пејовска пее како Ефто? (видео) 

Сега е јасно од кого го наследила талентот за пеење: Лина Пејовска пее како Ефто? (видео) 

Македонската пејачка Лина Пејовска која ја освои публиката во регионалните музички шоуа и ја имаше честа сцената да ја дели со Нина Бадриќ, Петар Грашо, сега призна од кого ги наследила своите вокални способности.

Таа го снимила човекот додека пее и на следбениците на социјалната мрежа „Инстаграм“ им ги покажа неговите вокални способности како доказ од кого го наследила талетот за пеење.

„За тие што не знаат од каде го имам наследено талентот за пеење: Тато“  –  напиша таа во долгото видео кое го сниминејзиниот татко Ефто, инаку познат скопски угостител, ама очигледно и неоткриен талент, која својата вокална умешност ја докажа на домашната слава. До душа со мала помош на Мишко Крстевски, ама сепак…

Ќерка му не остана покуса или поточно не одолеа да не го објави на социјалните мрежи. Дали нему тоа му се допаднало или не,  „Опрости ми папе“ – отиде… во јавност!

Инаку Лина Пејовска е доста активна на социјалните мрежи и редовно објавува фотографии и видеа со цел да ги извести нејзините следбеници, за сите активности и новитети. А, неодамна сподели и фотографија со балканската ѕвезда Дадо Полумента со кој  го сними  дуетот „Ти си Ми све“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lina (@pejovskalina)

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лина Пејовска

To top