Притисокот го намалуваат кромидот и лукот, сокот од домати, чај од глог, омега 3, магнезиум…
Ако имате висок притисок обидете се во исхраната да ги додадете овие намирници и суплементи. Нема да згрешите ако јадењето го збогатите со кромид и лук, да испиете чај од глог а нема да згрешите ако земете и целер, магдонос, овес, црн чај, зелен чај, лаванда, коприва…
1.Научно е докажано дека алицинот, материја која се наоѓа во лукот, го намалува притисокот дури и кај лица со тежок облик на хипертензија. Освен тоа, корисен е за целокупниот кардиоваскуларен систем бидејќи ги штити крвните садови од оксидативни и воспалителни процеси.
2. Кромидот има многу слични лековити својства како и лукот. Кромидот содржи алицин, но и растителен хормон сличен на инсулин поради што е добар избор за дијабетичарите бидејќи во лесен облик на болеста може да влијае на регулирање на шеќерот во крвта.
3. Сокот од домати го намалува крвниот притисок, го спречува настанокот на тромбоза така што ја намалува можноста за лепење на тромбоцитите. Во овој случај сокот од домати не се пие без сол.
4. Чајот од глог може да се користи и во обратен случај – кај нискиот притисок затоа што ја поттикнува сталибизацијата на крвниот притисок. Глогот традиционално спаѓа во најлековитите билки кога станува збор за проблеми со срцето.
5.Магнезиумот е многу важен минерал кој учествува во бројни процеси во организмот, а многу битна улога има во процесот на регулирање на крвниот притисок. Секојдневното внесување на доволно количество магнезиум, помеѓу останатото, спречува настанување дијабетес и артериска хипертензија.
6. Омега 3 масните киселини се наодминливо средство за сите оние кои се борат со високиот притисок. Најмногу ги има во рибата, семките лен, тиква, ореви и маслиново масло.
7. Драгоцени природни средства кои го намалуваат притисокот се: целер, магдонос, овес,
црн чај, зелен чај, лаванда, коприва.