Пред неколку недели, српските медиуми пишуваа дека победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ е во врска со нејзин колега.
На едно случување во Белград, Џејла Рамовиќ се појави во друштво на нејзиниот колега од „Пинкови ѕвездички“ , Матеја Вукашиновиќ, а веднаш потоа медиумите пишуваа дека наводно тие двајца се во врска.
На следниот настан, Џејла се појави сама, а на прашањето каде е придружбата, победничката вели:
„Немам придружба, како што гледате дојдов сама. Ме донесе мојот татко. Јас не дозволувам да имам придржуба. Не ја сакам“ вели Џејла.
Таа проговори и за гласините дека е во врска со Вукашиновиќ.
„За Матеја можам да кажам дека ми е познаник и пријател бидејќи не се познаваме толку многу. Кога беше во „Пинкови ѕвезди“, јас бев во „Никогаш не е доцна“ , но да ги решиме сите дилеми, меѓу нас нема ништо. Јас сум таа која не дозволува никој да ми се приближи“ додаде Рамовиќ.
Таа потенцираше дека нема одреден тип на маж.
„Да замислам какво момче сакам, никогаш нема да го најдам“ вели победничката на „Ѕвездите на Гранд“.