Иако во кариерата одигра многу улоги, Лидија Вукиќевиќ засекогаш ќе остане запаметена како Виолета од култната „Бољи живот“.
>Оваа улога и отвори многу врати на српската јавна сцена, а не крие дека е благодарна на тогашниот хонорар.
– Изградив куќа во Голупац од хонорарите во серијата „Бољи живот“ – признала актерката во една ТВ емисија.
– Благодарение на серијата купив два автомобили само од рекламите.Едниот беше за мене, другиот беше за тато – додаде во една прилика Лидија. Инаку, многумина коментираат дека актерката не се променила многу од емитувањето на серијата, со оглед на тоа што изгледа многу младо.Лидија во неколку наврати потенцираше дека никогаш не отишла „под нож“, односно не ги посетила пластичните хирурзи.
– Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво и сето тоа резултира со мојот ваков изглед – изјавила неодамна таа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лидија Вукиќевиќ