Млада девојка реши да се соблече во еден маркет во Мексико Сити за да му докаже на чуварот од обезбедувањето дека ништо не украла, откако тој претходно ја обвини дека краде.
Младата муштерика тргнала да се прошета и нешто да си купи со нејзиниот пријател кога чуварот од обезбедувањето ја набедил дека ја забележал како зема и изнесува нешто од маркетот без да го плати. Очигледно вознемирена и лута од обвиненијата, девојката почнала да се соблекува пред него за да го убеди дека ништо не украла.
Снимката на една од безбедносните камери ја покажува како прво го отстранува здолништето, а потоа и блузата и останува топлес само по гаќички, па потоа лутито така гола заминува, придружувана од нејзиниот шокиран пријател.
Mujer se desnuda en supermercado para demostrar que no estaba robando
Un vigilante le pidió a la protagonista del video que mostrara sus pertenencias para asegurarse de que no se llevaba nada de la tienda. pic.twitter.com/WCdGrnTjWv
— RT en Español (@ActualidadRT) September 25, 2019