Жаклин Бракамонтес остана запаметена по улогата на Марибел од познатата латиноамериканска серија „Руби“. Оваа мексиканска актерка и модел играше улога на добра девојка од добро и угледно семејство, чие момче наводно го киднапирал нејзината најдобра пријателка.
Таа имаше подеми и падови и во приватниот живот, а дека актерката е вистински борец покажува и нејзината насмевка. Како најстара ќерка на фудбалскиот тренер Хесус Бракамонтес и Мексиканката Жаклин Ван Хорде, пред 15 години ја носеше титулата најубава девојка во Мексико.
И денес таа не се промени многу и важи за една од најубавите жени. Во светот на шоу-бизнисот влезе на многу млада возраст, а во 2003 година се сврте кон теленовелите. Улогата која ја прослави беше споменатата Марибел, а потоа следеа сериите како „Magic Attraction“, „Broken Heart“, „Ugly Lety“ и многу други.
Денес Жаклин е мажена жена, а со сопругот има пет ќерки.
Да се потсетиме на омилените сцени од серијата „Руби“ која многумина ја сакаат, а која ги прослави овие убавици.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/jackybrv