Радио Милева кучешки живот

Се сеќавате  ли на кучето кое Јелена Карлеуша го посвои? – Еве што му се случи и како живее сега (фото) 

Се сеќавате  ли на кучето кое Јелена Карлеуша го посвои? – Еве што му се случи и како живее сега (фото) 

Поп дивата Јелена Карлеуша, која е позната по љубовта кон животните, неодамна одлучи да посвои напуштено куче кое го нарече Теди.

Пејачката сега им се обрати на своите фанови на Инстаграм и покажа како изгледа нејзиниот миленик откако му подари љубов и дом.

– Се сеќавате ли на кучето што го посвоив од Вентура доми? Запомнете, беше пронајден во лоша состојба во ѓубрето затоа што беше исфрлен од неговите вистински сопственици? Па, гледате, тој го живее својот кучешки живот како од бајка! Мојот убав Теди! – напиша Карлеуша на Инстаграм.

Поп дивата често преку социјалните мрежи апелира до своите обожаватели доколку сакаат да имаат миленици, пред се да ги посвојат и на тој начин да помогнат и да спасат живот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top