Поранешната ријалити ѕвезда Сораја Вучелиќ има голема причина за славење. Атрактивна старлета родила здраво момче на кое родителите му дале необично и оригинално име – Кан.
Породувањето поминало без никакви компликации, бебето добило највисока можна оценка од докторот, а новопечената мајка се чувствува одлично. Пред извесно време Сораја се повлече од социјалните мрежи каде секојдневно споделуваше фотографии од својот гламурозен живот, а додека многумина се прашуваа што се случило со некогаш популарната ријалити ѕвезда, медиумите ја објавија веста дека таа е во блаженаа состојба и живее во странство. Извор близок до Вучелиќ открива за српски Ало! детали за бременоста и породувањето.
„Кога дознала дека е бремена, Сара доброволно ги напуштила социјалните мрежи бидејќи сметала дека овој дел од приватноста не треба да биде споделен пред очите на јавноста. Само мал број блиски луѓе околу неа знаеше дека е бремена, а кога се породи дознаа само најблиските“ – вели изворот и додава:
„Сораја е пресреќна! Стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на синчето. Опчнета е со животот на бебето. Инаку, Сара ја мина бременоста во странство и се породи во Германија во една приватна клиника, иако многумина мислеа дека ќе се породи во Швајцарија. Сепак, семејството ќе живее во Русија и наскоро таа и синот треба да летаат за Москва. Бебето добило руски пасош и тамо ќе биде нејзината нова семејна база и оаза. Како што стојат работите, таа сè уште нема намера да се врати на социјалните мрежи. Сврте нов лист во животот и е посреќна од било кога“ – заклучува изворот.
Фото: Инстаграм принтскрин/soraja.vucelic.style