Радио Милева
жената од султанот- по втор пат мајка

Се породи прочуената Хурем: Турската актерка на свет донесе уште една ќерка, а еве и кое име и го даде (ФОТО)

Се породи прочуената Хурем: Турската актерка на свет донесе уште една ќерка, а еве и кое име и го даде (ФОТО)

Една од најомилените турски актерки Мерием Узерли се здоби со светска популарност со улогата на славната Хурем во хит серијата „Сулејман Величествениот“.

Актерката која е многу активна на социјалните мрежи,  сега ја сподели и убавата вест со своите обожаватели и следбеници. Имено, Хурем се породи на 08 јануари 2021 и на свет донесе девојче. Таа веќе има една ќерка – Лара од првиот брак.

Актерката го покажа новороденото бебе, но не сакаше да го покажува во јавноста таткото на својата втора ќерка, која го доби името Лили.

„8 јануари 2021 година, мојата најмила Лили. Лара, тато и јас сме пресреќни што дојде во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди секогаш бескрајно заштитена“ – напиша популарната актерка во описот на првата објавена фотографија со својата тукушто родена ќеркичка.

Фото: Инстаграм принтскрин/meryemuzerlimeryem

Останати вести од Радио Милева