Најпознатата плус – сајз манекенка, Ешли Грејм и нејзиниот партнер Џастин Ервин станаа родители на момче.
Манекенката во август оваа година обелодени дека ќе стане мајка, а на почетокот на ноември го откри полот на бебето односно откри дека очекува момче.
Веста дека станала мајка, Ешли ја сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи каде што на сите им се заблагодари за честитките и убавите желби.
Ешли се породи во сабота на 18 јануари, а ова е прво дете.
„Во 6 часот попладне во сабота, нашите животи се променија на подобро. Ви благодарам на сите на љубовта и на поддршката на овој неверојатен период“ напиша Ешли која не го откри името на бебето.
Ешли и сопругот се 0 години во брак.