Радио Милева

Се пишуваше дека раскинаа, но Харис Берковиќ откри кога ќе ја ожени Рада

Се пишуваше дека раскинаа, но Харис Берковиќ откри кога ќе ја ожени Рада

Една од познатите српски двојки копи привлекуваат внимание се сигурно Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ.

Иако се пишуваше дека раскинале, а Рада паднала во депресија, она што Харис го одговори за српскиот портал Пинк.рс, кажува спротивно.

Младиот пејач не крие дека е заљубен во својата девојка и дека би се оженил со неа доколку му роди дете, но смета дека се уште е рано да мисли за тоа.

-Сакам  да се оженам со неа, но не знам кога… Би сакал да се оженам со Рада бидејќи е вистинската девојка, вели пејачот, а потоа додава што би се случило доколку забремени:

-Ни тоа не го планираме, ако се случи, нека се случи. Тогаш веднаш би се венчал, тоа се подразбира, открива Харис.

To top