Радио Милева дојде големиот ден

Се ожени македонскиот пејач кој беше меѓу најдобрите во „Ѕвездите на Гранд“, а триумфираше во „Пинк ѕвезди“: Првиот танц и го пееше на увце на саканата (фото)

Се ожени македонскиот пејач кој беше меѓу најдобрите во „Ѕвездите на Гранд“, а триумфираше во „Пинк ѕвезди“: Првиот танц и го пееше на увце на саканата (фото)

Топлиот период по велигденските пости е најчесто резервиран за свадбените прослави кои траат во текот на целото лето, а потоа во студениот период ретко кој се решава за свадба.

Еден од тие ретките е младиот пејач Мите Стоилков кој изминатиот викенд правеше свадба.

Финалистот од „Ѕвездите на Гранд“ и победникот од „Пинк ѕвезди“ реши да се жени овој месец ноември кога во Бигорски ја запроси саканата Марија Минова.

На вљубените гулапчиња не им се чекаше до пролет или лето, па за свадба се решија да се случи многу брзо, односно изминатиот викенд, истиот месец по запросувањето.

Се собраа семејствата, ги поканија најдрагите, роднините, пријателите, соработниците…

Се славеше љубовта на Мите и Марија кои од приложеното на социјалните мрежи се решиле за мала прослава, но со сите кои треба да бидат таму за се’ да биде најубаво за големиот ден.

Младоженецот во елегантен сив костум, додека невестата во едноставна коктел венчаница со впечатлив светкав топ и долги ракави.

Првиот танц го играа на песната „Заувек“, а ја пееше кој друг ако не Мите.

Во љубовен танц, Мите и пееше на увце на Марија дека љубовта засекогаш ќе трае, како што се вели во стиховите на песната од Жељко Васиќ.

Од колегите на Мите, барем од оние кои се пофалија на социјалните мрежи беа, Трајче Георгиев, хармоникашот Мишел Трајковски кој пак беше и меѓу музичарите задолжени за забавата.

Инаку, Мите и Марија не ја експонираа својата љубовна врска, а заедно беа неколу години. Марија стидира општа медицина во Штип и цели да биде идна докторка.

Честитки за младите!

фото: printscreen Instagram/ mitestoilkov/ Printscreen You tube Zvezde granda/ Facebook Marija Minova

To top