Живот и Стил

Се отвори најлуксузниот Лувр музеј во Абу Даби

Се отвори најлуксузниот Лувр музеј во Абу Даби

Денеска, на 8-ми Ноември, конечно се отвара музејот Лувр, во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби. За лиценцата Абу Даби и платија на Франција повеќе од милијарда долари.

На церемонијата ќе присуствува и францускиот претседател Емануел Макрон и лидерот на Обединетите Арапски Емират, Мухамед бин Зајед, кои свечено ќе ја отворат церемонијата.

Изградбата на музејот чинела 654 милиони долaри. Комплексот се состои од 55 одвоени згради. Куполата со дијаметар 180 метри ги прекрива поголем дел од објектите на музејскиот комплекс и може да се види од морето. Авторот на проектот е светски познатиот архитект Жан Нувел.

извор:кадевечер.мк

To top