Македонската „Гранд ѕвезда“ Марија Груевска се омажи за своето момче Синиша Стојаноски, а венчавката се одржа во еден манастир близу Битола.
Покрај роднините и пријателите на свадбената церемонија присуствуваа и многу пејачи и колеги на Марија од „Ѕвездите на Гранд“.
Марија веќе ја навикна јавноста на необични изненандувања, па така покрај шокантниот стајлинг на настапите во регионалното музичко тачлент шоу, во ова прилика и самата пејачка најави, дека нејзината свадба ќе трае не еден, туку цели три дена, а доколку гостите сакаат и повеќе, истата може и да продолжи.
На свадбата на една од најекстравагантните натпреварувачки кои се појавија на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, присуствуваа околу 600 гости.
Невестинскиот фустан на Марија беа инспиран од анимираната приказна за „Малата сирена“, така што, корсетот на фустанот беше изработен со школки, како и невестинската чанта.
Инаку Марија и Синиша свадбата ја направија со сите адети, според сите традиционални македонски обичаи, па слично како во надалеку познатата Галичка свадба и овде го имаше традиционалното бричење на зетот, одење по невеста, склучување на граѓински и црковен брак, како и забава која како што најавија, ќе трае цели 3 дена.
Покрај главниот бенд кој беше задолжен за веселбата, забавата на гостите ја збогатија и колегите на невестата.
Така за микрофонот се фатија и госинепшниот Гранд финалист Александар Јосифовски, како нејзиниот сограѓанин Виктор Апостоловски, кој на младенците им го отпеа несудениот евровизиски хит „Супермен“.
Невестата од весела повесела, распеана и разиграна, скокаше, се радуваше и танцуваше во ритамот на песните кои и ги пееја колегите, меѓу кои беше уште еден македонски Гранд учесник, Марио Арангеловски!
Свадба без невестинска торта не бидува, ама оваа на пејачката беше повеќе од фасцинантна… Зашто беше огромна и на седум ката.
Битолчанката ја запознавме како одлична пејачка, екстравагантна музичка Гранд учесничка и потенцијална музичка ѕвезда, а сега и како прекрасна и есела невеста…
Белким ќе биде исто толку добра и посветена сопруга и идна мајка, што од срце и го посакуваме.
Фото: Инстаграм принтскрин/marija_gruevskaa