Лук Блек, годинешниот претставник на Србија на Евровизија, не остави никого рамнодушен со својaта автентичност.
Ексцентричниот уметник во неколку наврати потенцираше дека поддршката од родителите му е најважна и дека неговото семејство е она што му дава ветер во грб да постигне музички успех.
Сепак, родителите на Лук Блек не присуствуваа на ниту еден негов настап.
‒ Со оглед на тоа што Лука деновиве, и тоа се уште несебично, даваше интервјуа многу посветено и многу искрено, ние како семејство не би се рекламирале‒ откри мајката Марија Ивановиќ.
Таа додаде дека мирот им е прв приоритет.
‒ Целосно ја разбирам релевантноста на овој момент, но би сакале и да се радуваме со пријателите, семејството, без никаков притисок. Тоа е нашата желба засега. Се надевам дека ќе разберете – заклучила Марија за Курир.рс
фото:ATA Images/ Instagram