Живот и Стил

Се надевате во септември да одите во Грција на море? Еве колкави се шансите да летувате таму…

Се надевате во септември да одите во Грција на море? Еве колкави се шансите да летувате таму…

Многумина од нашите граѓани веќе се откажаа од летување надвор од Македонија оваа година, но некои од нив се надеваат дека Грците би можеле во септември да ги отворат границите и да дозволат летување во омилените дестинации: Халкидики, Лефкада, Тасос.

Со задолжителен негативен ПЦР тест или без него, сега е помалку важно.

Меѓутоа, шансите да се случи тоа се минимлни. Имено, Грција во последниве неколку денови и покрај спроведените ригорозни мерки на границите и аеродромите, забележува значаен пораст на број на заразени луѓе од коронавирусот.

Грците не само што не размислуваат за ублажување на мерките за заштита, туку воведоа и задолжително носење на заштитна маска во затворени простори, а доколку истите не се почитуваат тогаш следат строги казни, па тие дури и на своите граѓани им воведоа задолжителен ПЦР тест доколку доаѓаат од Бугарија или пак Романија.

Грците исто така имаат свои жаришта, има делови од земјата во кои што можат да се забележат поголем број заразени луѓе од коронавирусот.

А, како што може да се забележи во една од таквите мапи, најопасна е ситуацијата во зоните каде што Македонците најчесто летуваат – Халкидики и Тасос.

Значи доколку не дојде до некаков пресврт, драстичен пад на заразени луѓе, како кај нас така и во Грција, не треба да се очекува ублажување на мерките и дозвола за нашите туристи да летуваат во некои од нивните грчки омилени дестинации.

извор: Курир.мк

To top