Радио Милева
конфликт

„Се надевам дека нема никому да го направи тоа што ми го направи мене“: По изјавата на Милица Павловиќ, се огласи и тимот на Аца Лукас (фото) 

„Се надевам дека нема никому да го направи тоа што ми го направи мене“: По изјавата на Милица Павловиќ, се огласи и тимот на Аца Лукас (фото) 

Пејачката Милица Павловиќ и нејзиниот колега Аца Лукас снимија заеднички дует за песната „Кидаш ме“, меѓутоа по соработката нивната врска се залади, а денес немаат апсолутно никаков контакт.

На оваа тема во емисијата „Амиџи шоу“ прозборе и  Павловиќ.

– Се надевам дека е добар човек, како што мислев дека е и дека повеќе нема никому да го направи тоа што ми го направи мене – кратко изјави Павловиќ.

Во оваа прилика се огласи и ПР тимот на Аца.

– На сите им посакувам се најдобро, нас засега не интересира само премиерата на филмот за животот на Аца Лукас во сите големи хали на поранешна Југославија – изјавијле за „Телеграф“.

Инаку, Милица ја симна нивната заедничка песна од нејзиниот канал на Јутјуб кога дојде до конфликт меѓу нив:

Сигурна сум дека Аца Лукас нема ни да ми честита за албумот. Тој е некој со кој имам неубави спомени. И пак велам, не знам што носи денот, а што ноќта, но во овој момент не сме пријатели. Ја тргнав песната од каналот од принцип, лично јас –  откри Милица Павловиќ.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм/Ата Имаџес/марко Јовановиќ

Останати вести од Радио Милева