Радио Милева
плејбојот не и одолеа...

Се мажи ќерката на Топалко: Познатиот босански тенисер „одлепил“ по Хелена, па ја побарал додека уживаат на Малдиви (ФОТО)

Се мажи ќерката на Топалко: Познатиот босански тенисер „одлепил“ по Хелена, па ја побарал додека уживаат на Малдиви (ФОТО)

Најголемата естрадна заводничка, убавата Хелена Топаловиќ (22) се омажи за најголемиот измамник во Босна, Дамир Џумхур (27)! Ќерката на фолк пејачот Милан Топаловиќ – Топалко и најдобриот босански тенисер се во врска веќе пет месеци, а во моментов уживаат на Малдиви. Како што открива пријателот на Дамир, спортистот планира да ја побара атрактивната старлета на островот.

„Дамир се фатил со Хелена во јуни, но тоа го криеше од нас затоа што беше во врска со блогерката Зорана Јовановиќ! Тој всушност ја изневеруваше Зорана со Хелена и беше убеден дека тоа е врска за вечерните часови. Сепак, тие продолжија да се гледаат и конкрајот на летото, тој  призна дека е луд по Хелена. Продолжија да се гледаат тајно, дури и кога тенисерот беше слободен.


“Хелена му признала на Дамир дека првично мислела дека тоа ќе биде само летна авантура. Затоа, го замолила да не зборува јавно за тоа сè додека не бидат 100 проценти сигурни во љубовта. Таа дури и не помисли дека Дамир е толку за вљубен што понел прстен на Малдивите, со кој планира да ја запроси! Ми рече дека е уморен од промена на девојки и дека  дефинитивно решил да се смири, а е сигурен дека таа е жената на неговиот живот. Тој е убеден дека Хелена ќе рече „да“ – заклучува соговорникот.

Дека тенисерот и старлетата имаат исти интереси се гледа на Инстаграм. Тие сакаат да патуваат, па откако веќе пет месеци се заедно, беа во Италија, Турција и сега на Малдиви.

Заедно ја споделуваат и страста за екстремни спортови, па и двајцата се фалеа со скијање на вода, а Хелена напиша покрај снимката: „Ме родила мајка за сè“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena Topalović (@helena_topalovic) on

Останати вести од Радио Милева