Драгана Катиќ се мажи – е првото нешто што ќе ви падне на памет кога ќе ја видите најновата фотографија на „Инстаграм“ која на нејзиниот профил ја споделила водителката на музичкото шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“.
Имено, Драгана неодамна на социјалните мрежи се пофали со бурмата која ја купила, а подолу напиша дека се работи за два споени прстени.
Сите се понадеваа дека водителката конечно решила да стапне на лудиот камен со новиот избраник, со кој е во врска веќе извесно време.
За Драгана ова би била прва венчавка во животот, бидејќи никогаш не се омажила за починатиот татко на нејзините синови, близнаците Бобан и Бојан, а сакала некој да ја сака до крајот на животот и да и биде ослонец и поддршка.
За жал, ниту овој пат не станува збор за свадба. Имено, водителката се пофали само со ново парче накит, а којзнае можеби несакајќи го насетила нејзиниот брак.
„Се мажи Драгана Катиќ“ е наслов кој секако убаво би звучел, а според многумина, време и е да си свие гнездо покрај саканиот човек, особено сега, кога нејзините синови го напуштија семејниот дом во потрага по сопствената среќа.
Фото: Инстаграм принтскрин/dragana_katic