Малите изгореници не можете да ги избегнете, но можете да ги ублажите со неколку корисни совети.
За изгореници се применува едно едноставно правило – ако имате поголеми пликови или сериозни повреди обратете се кај вашиот лекар, за секој случај. Ако само сте се допреле до нешто топло тогаш следете ги овие совети.
Натопете чиста памучна крпа со ладна вода, ставете ја на изгореницата и повторете го тоа неколку пати. Но никогаш не ставајте мраз на изгореници!
Препаратите од алое вера помагаат. Ќе ја смири и хидрира кожата, што ќе ви донесе олеснување.
Земете некои од лековите за болка базирани на ибупрофен. Тоа ќе го смири воспалението и болката.
Нанесете хидрокортизон крем во тенок слој. Тоа е и инаку добра прва помош за различни мали проблеми со кожата. Оваа крема е често дел од “домашната аптека за прва помош”, бидејќи ја смирува иритираната кожа и го спречува отокот.
Кога изгореницата ќе почне да поминува, бидете сигурни дека вашата кожа е добро хидрирана, за да се намали ризикот од појава на лузни или флеки на кожата на тоа место.
извор: денар