Пред еден месец во еден медиум се појави веста дека македонската фолкерка Елена Велевска се разведува од својот сопруг Марјан Мирчевски.
По пишувањата во медиумите дека се разведува Велевска се огласи на својот Фејсбук профил истакнувајќи дека одлучила да стави крај на својот брак поради семејно насилство.
Тогаш, нејзиниот сопруг за вистина.мк ги демантираше приказните за семејно насилство и откри дека за бракоразводната парница дознал преку адвокат.
Меѓутоа, пред неколку дена пејачката одлучи да ја повлече тужбата за развод и заедно со Марјан да си дадат втора шанса.
Во интервју за „Екслузив“, Велевска прозбори за семејното насилство и откри дека не било физичко туку психичко насилство.
„Сите го сфатија тоа дека јас сум претепана. Јас сум одлично. Повеќе стануваше збор за психичко насилство кое со долг разговор успеавме да го балансираме и да воспоставиме рамнотежа“, изјави Велевска.
На прашањето како дошло до смирување, Велевска одбегнуваше да одговори:
„Па, видете никој не си одеше од дома. Јас само што поднесов тужба сите пишуваа дека Елена Велевска се разведе“ вели Велевска која не сакаше да ги открие деталите за смирувањето.
„Ние никогаш не се ни разделивме бидејќи тука се децата кои страшно не врзуваат. Ние како родители премногу сме посветени на нив“ вели Велевска и истакна дека се уште го сака сопругот и поради тоа е во брак со него.
„Да, затоа сум во брак со него. Никогаш не се омажив да ме одведе некој во дијаспората.Тој сам е свесен дека станува збор за успешен човек.Ова е добро согласување и се надевам дека така ќе продолжи“ изјави Велевска.
Меѓутоа, Велевска иако упорно одбиваше да одговори на прашањето за смирувањето, на инсистирање на водителот таа изјави:
„Како се смиривме? За раче и во кревет. Не знам што има конкретно да се смирува“, вели Велевска.
По повод коментарите дека приказната за разводот бил само маркетиншки трик, Велевска истакна дека не и требало марктеинг бидејќи не и пропаднала кариерата, па да бара спас.
„Не сакам да земам некоја жртва, во овој случај децата за да постигнам некоја популарност“ истакна Велевска.
Инаку, Елена и Марјан заедно имаат три деца.