Велат дека по дождот доаѓа сонце, а за пејачот Давид Темелков ова навистина и се случува.
Откако излезе како победник по тешката операција на тумор на ногата, Давид како да живее нов живот, благословен што Бог повторно му даде шанса се’ да биде како порано, дури и поубаво.
Сега Давид има само една цел – цврсто да чекори кон целите и соништата! А еден од тие големи соништа е и бракот со неговата сакана, хрватската водителка Елена Јунг.
Темелков во изјава за хрватска Глорија открива дека се’ е подготвено за свадбата која ќе се случи во месец јуни во Скопје.
Младите најпрвин имале план да прават свадба и во Хрватста и во Скопје, но на крај се решиле големата прослава со 250 гости да се случи на македонски терен и да им пее Анета и „Молика“.
„Случајно ни се споија патиштата и јас само ѝ реков: ‘Анета, јас нема да се женам сè додека ти не ни пееш на свадба’. Таа само праша на кој датум ќе се одржи свадбата и рече дека ќе ги помести сите обврски. Има феноменална група, ќе бидат присутни и неколку мои колеги од Хрватска, сите ќе запееме по нешто, така што репертоарот ќе биде прилагоден и за македонските и за хрватските гости. Навистина сакам секој да се почувствува задоволно на тој ден“, раскажа Давид Темелков за „Глорија“.
За потсетување, во 2021 година Давид јавно на еден настап во Градишка ја запроси Елена Јунг, која кажа – ДА.
Македонскиот пошироката музичка јавност во регионот го запозна при учеството и успешните настапи во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор-Адриа“, потоа продолжи да ја гради својата регионална кариера во Хрватска.
фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков