Додека студирала глума, Меган Маркл работела и со скратено работно време за да ги покрие основните животни трошоци. Во 2006 и 2007 година, сегашната војвотка од Сасекс беше ТВ водителка во шоуто „Договорено или не“.
Откако се омажи за принцот Хари, нејзиниот живот стана многу поинаков. Таа ужива во луксузот и има се што може да посака една жена. Но, поради своето ексцентрично однесување, неретко е во центар на скандалот.
Така се создаде нова бура во медиумите кога таа го сподели своето искуство како водителка во подкастот „Breaking Down the Bimbo“ со Парис Хилтон.
– Бев навистина благодарна како актерка на аудицијата што имав работа со која можам да ги платам сметките. Имав приходи, бев во синдикат, имав здравствено осигурување, супер беше. Но, на крајот го напуштив шоуто. Бев многу повеќе од она што беше објективизирано на сцената. Не ми се допадна да ме тераат да работам работа која беше сведена на изглед, на специфичен архетип на зборот глупав – истакна Меган.
Посебно и пречеше тоа што се работеше за тоа како изгледа, без да внимава на другите нејзини способности.
– Не можев да ја искористам својата интелигенција како кога работев во американската амбасада во Аргентина како практикант – истакна војвотката, која сега важи за многу стилска дама.
Колку акцентот бил ставен само на надворешниот изглед покажува и податокот дека им биле поделени разни ваучери за разубавување.
– За време на снимањето имаше места за ставање трепки, екстензии и додатоци во градници. Дури ми дадоа ваучери за третмани за самопотемнување за да исполнам одредени стандарди за изглед. Се работеше исклучиво за убавина, а не за мозок – опиша таа.
Таа истакна дека сака сосема поинаква иднина за нејзината ќерка Лилибет Дијана, во која образованието ќе биде на прво место. Покрај неа, Меган и Хари го имаат и синот Арчи.
– Посакувам мојата Лили да сака да биде образована и паметна и да се гордее со тие работи – заклучила војвотката од Сасекс.
Фото:Принтскрин/Профимедиа