Радио Милева
Тешка борба

Саша Поповиќ вети дека ќе и плати операција: Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ ослабе неверојатни 80 килограми (фото)

Саша Поповиќ вети дека ќе и плати операција: Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ ослабе неверојатни 80 килограми (фото)
фото:принтскрин/рас србија

Натпреварувачката во „Ѕвездите на Гранд“, Крстиња Тодоровиќ, по операцијата на желудникот драстично ослабе, а таа еднаш откри дека Саша Поповиќ и ветил дека ќе плати за операцијата за отстранување на вишокот кожа кога ќе дојде време.

Имено, Кристиња успеа да изгуби дури 80 килограми и моментално изгледа непрепознатливо.
– Да, имам скоро неверојатни 80 килограми помалку. Јас сум многу среќна и горда на себе. Ова е многу тешка борба, пред се со самите себе, иако сте ограничени што се однесува до внесувањето храна. Сега се чувствувам одлично. Функционирам многу полесно кога станува збор за секојдневните обврски. Изгледам многу подобро на сцената и ќе се обидам да го надминам претходниот со секое следно појавување. Благодарност до мојата менторка Марија која подеднакво придонесе за мојот успех. Ви благодарам за секој совет, секоја критика и шансата што ми беше дадена да дадам се од себе – рече Крстиња за „Блиц“.

Таа се пофали и со својот нов изглед на социјалната мрежа Инстаграм, каде редовно добива комплименти на своја сметка.

Инаку, Крстиња Тодоровиќ за малку не помина во првиот круг на шоуто поради својата тежина, сепак, тогаш вети дека ќе изгуби вишок килограми и тоа го стори сега.

Еве ја споредбата:

Останати вести од Радио Милева