Радио Милева совет од големиот

Саша Поповиќ го потсети Мики Секуловски како почна, а до каде е денес: „Сега си ѕвезда, но полека“ (видео)

Саша Поповиќ го потсети Мики Секуловски како почна, а до каде е денес: „Сега си ѕвезда, но полека“ (видео)

Велешката Гранд ѕвезда Мики Секуловски, во актуелната и најнова сезона на популарното регионално шоу е еден од нај коментираните и најпофалените учесници.

Мики е меѓу повозрасните натпреварувачи и фаворит за финале, а како веќе искусен учесник по вакви музички талент шоуа, многу добро знае како да се постави и издоминира на сцената.

Во шестиот круг од натпреварот на „Ѕвезде Гранда“, нашиот Мики „Велики“ повтоно ги освои сите гласови од жирито, односно со сите шест дитектно се пласираше во седмиот круг.

По неговото импресивно и моќно вокално претставување, директорот Саша Поповиќ сакаше малку да го спушти на земја, иако Мики во неколку наврати кажа дека не се гледа себеси како победник, барем засега.

Поповиќ се присети дека Мики во првиот круг на сцената излегол со брзи чекори и како да воопшто не се претставува пред милионски аудиториум, за разлика од сега кога ноншалантно чекори на сцената, полн со самодоверба и сигурен став.

Саша стана од својата фолелја и почна да го имитира Мики од неговите почетоци, на што тој љубопитно и изненадено гледаше и слушаше што ќе каже и направи Поповиќ.

На крај и двајцата заедно со публиката се изнасмеаја, а Саша кратко и јасно му порача: „Сега си ѕвезда, но полека“ – сугестија која веруваме дека Мики и покрај сите ласкања преферира да ја задржи својата скромна страна.

Видеото од овој дел можете да го погледнете на 28:50

фото:Instagram printscreen/ You Tube Zvezde Granda

To top