Радио Милева Секси мама

Сара Мејс стокмена од глава до петици со шлиц до нараснатиот труднички стомак (фото)

Сара Мејс стокмена од глава до петици со шлиц до нараснатиот труднички стомак (фото)

Пејачката и храфистка, Сара Мејс и радио водителот Димитар Аатанасковски за некој месец ќе добијат принова. Тие неодамна открија дека ќе станат родители на машко бебе, а нивната ќеркичка Илина ќе стане постара дадичка и ќе добие братче. Неодамна Сара во една прилика изјави:

-Одлично се чувствувам, засега е сe’ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Дека бременоста и годи и се чувствува одлично потврди и преку најновите фотографии каде за првпат го покажа нарастаниот труднички стомак и тоа стокмена во перфектно издание.

Имено, Сара позираше во елегантен црн фустан со висок шлиц се до препони, а дополнително со истакна стомачето држејќи го со рацете.

„Како ќе снимаш бе трудна“- гласи описот на фотографиите, односно нагласувајќи го прашањето кое го добила, а сакајќи да го нагласи тимот кој и помогнал за изгледот.

Инаку, Сара е во 20-тата недела од бременоста или во петтиот месец, период кога почнува да ги чувствува движеата на бебето кое забрзано расне во стомакот на мама.

Со лесно!

фото:Инстаграм/Сара Мејс

To top