За Сара Мејс веќе не е изненадување да ја гледаме во храбри модни комбинации од кои покажува повеќе гола кожа, а најмал проблем и е да го покаже своето тело во долна облека.
Како што веќе е познато, таа на само два месеци од породувањето, беше модел за долна облека на една поизната етикета и застана пред објективот во долна облека.
Па така, ослободена од сите комплекси и фрустрации кои може да ги има една жена во постпартум периодот, Сара постојано покажува и докажува дека е задоволна од својот изглед, а токму таа лична сатисфакција е и надворешно видлива.
Овој пат, таа за еден настап избра кралско сина нијанса на тесен фустан со асимертични пресеци во пределот на струкот и градите.
Градник тука не можеше да биде опција, а Сара немаше проблем да покажа повеќе од градите кои прелеваа од храбрите странични пресеци.
Во описот наведе дека е задоволна од тоа како ја средиле стилистите за жена во постпородилна фаза по девет месеци.
Храбро, самоуверено и женствено. Сара Мејс е пример дека корекциите и разните камуфлажи не секогаш се опција за да се чувствуваме убаво во своја кожа.
фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс