Иако мајчинството кон малата Илина е нејзиниот приоритет, пејачката Сара Мејс успешно балансира и со работните обврски.
Таа набрзо откако се породи и се врати на музиката, а нејзината наследничка расте со песна и весело опкружување.
Сара редовно ги открива своите тековни активности на социјалните мрежи, а овој пат пред следбениците, обожавателите и пријателите објави и најави неколку новитети.
Имено, освен што ја промени бојата на косата, таа сподели и дека работи на нова песна и спот кои наскоро ќе ги видиме.
А кога жена има нова фртизура, тоа мора да се документира со неколку фотографии од различен кадар.
Сепак, она што одвлече внимание беше нејзиното раскошно деколте и стајлингот кој таа го опиша како „тетката од банка“.
Добро познато е дека Сара секогаш има автентични песни, текстови и спотови, а дали овој пат има нешто поврзано со банкарките од новата приказна или само случајно се погоди нејзиниот коментар меѓу новитетите, останува да го почекаме изнанадувањето.