По највниот сингл „Небо“ од новиот албум „Floating through space with Sarah Mace“ македонска музичка ѕвезда Сара Мејс одново „полета“ со новата песна „Време“. Таа деновиве беше пуштена во македонскиот етер, а радио станиците веќе им ја сервираа на илјадници љубители на музиката. Во меѓувреме, „Време“ се најде и на телевизиските како и на интернет каналот YouTube.
Музиката на „Време“ комплот од заедничка работа на самата Сара, Дејан Митовиќ и Неврус Бајрам, а стиховите се само нејзини. Аранжманот го направиле Дејан Митровиќ, Неврус Бајрам, Сара Мејс, Иван Петровски и Александар Ванчовски. Снимена е од Ивица Јанкуловски и микс и мастер е Горан Гешовски.
Албумот „Floating through space with Sarah Mace“ е авторско дело на Сара Мејс и нејзиниот тим. Издвач е „Пасворд продукција“. Продуцент е Горан Гешовски, а албумот е снимен во студио „Алшар“ од Ивица Јанкуловски и на него покрај Сара уште свират и пеат: Гитари – Иван Петровски, Неврус Бајрам, Клавијатури- Филип Димишковски, Бас гитара – Дејан Митровиќ, Тапани – Александар Ванчовски, Вокали – Сара Мејс, Калина Велковска, Теа Богатинова.
Еве како звучи музичката прошетка со Сара Мејс низ нејзиното „Време“.