Кој вели дека бројот на годините и неколку брчки плус значат старост, а не шарм?
Сепак, според некое непишано правило се вели дека дамите не се прашуваат за години. На некои тоа им одговара бидејќи не сакаат да ги прашуваат , додека пак други без комплекси знаат да откријат колку наполниле.
Водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска деновиве поточно вчера (23.06.2021) имаше убав повод за славење.
Имено, таа го прослави својот роденден, а на нејзиниот Фејсбук профил осамнаа бројни честитки и пораки со убави желби.
Сања е од оние ретките која нема намера да сокрие дека е во петатта деценија од животот, ниту да ги сокрие годините.
Водителката на социјалните мрежи се заблагодари за честитките, и ги откри годините.
По тој повод, Савеска напиша:
„Годините не значат ништо,тие се само бројка! Важен е мирот,среќата и радоста кои ги носиме во срцата и пријателите со кои ги споделуваме. Но најважно е без оглед на се, низ годините да чекориме храбро и со насмевка. Бидете ми сите живи и здрави и едно огромно благодарам за искрените и убави честитки П.С.
Пред 1 има 4 ,не ги кријам, си ги сакам, мои си се сите ,полни 41“ напиша таа покрај фотографијата на која позира со роденденска торта.
Честитки и среќен роденден.
Инаку, Савеска од претходната година е дел од тимот на „Брза кујна“, бидејќи нејзината колешка, водителката Александра Илиевска е на породилно отсуство.