Радио Милева

Сања Маринковиќ повторно ги „подгреа“ приказните за бракот „Не сум разведена, но тоа не значи дека нема да се разведам“

Сања Маринковиќ повторно ги „подгреа“ приказните за бракот „Не сум разведена, но тоа не значи дека нема да се разведам“

Водителката на „Магазин ин“, Сања Маринковиќ во нејзиното последно гостување во емисијата „Амиџи шоу“ при крајот на претходната година изјави дека во 2020 година сака да биде сакана без разлика дали тоа е во брак или не.

Оттогаш започнаа шпекулациите дека наводно водителката се разведува.

Таа повоторно беше во емисијата „Амиџи шоу“ каде потврди дека не и цветаат ружи во бракот со Александар Ухрин.

фото: Принтскрин/јутуб

Имено, еден гледач ја праша дали се развела и повторно се заљубила бидејќи изгледа посреќно, таа одоговори:

„Веќе една година ми кажуваат дека изгледам поразлично, но разводот не е причина. Не се разведов, но тоа не значи дека нема да се разведам“ изјави Сања и додава:

„Дали сум се заљубила…Многу би сакала да сум заљубена, тогаш сигурно ќе изгледам уште поубаво“ додава Маринковиќ.

фото: Принтскрин/јутуб

Кој е љубовниот статус на водителката на Пинк, дали се разведува или не, дали има нова љубов…останува да видиме.

To top