По песните “Среќа” и “Врати се”, Сања Лефкова се враќа на музичката сцена со модерна балада насловена ”Почеток и крај”.
Видео записот за истата го работеше „Томато продукција“ а Сања за таа прилика се врати во Македонија и самата се појавува во спотот, наместо да ја глумат манекенки како во претходниот.
Во видеото Сања е облечена во неколку различни креации на Ива Спасовска, накитот што го носи на себе е позајмен од Русевска дизајн, а фризурата и шминката се дело на Владимир трајковски и Ивана Атанасовска. На самото снимање беше направена и новата фотосесија која пејачката ја реализираше со Имиџ фото.
Сања Левкова со сопругот и нејзиното тригодишно синче Никола веќе 2 години живее надвор од Македонија, каде повремено има и настапи.
Таа деновиве напорно работи на нови песни кои треба да се реализираат во студиото на композиторот Александар Масевски, кој е автор и на песната „Почеток и крај“, чие видео премиерно на Вистина.мк можете да го погледнете во продолжение.