Радио Милева естраден гардеробер

Сани Гроздановска извади „црно на бело“ дека далеку пред Карлеуша носела иста таква гардероба: Ај сега да видиме, кој кого копира?

Сани Гроздановска извади „црно на бело“ дека далеку пред Карлеуша носела иста таква гардероба: Ај сега да видиме, кој кого копира?

Во петочното издание на Вистина.мк во написот со наслов: „Карлеуша тешко се носи со копии, а нашата фолкерка ја ископира целосно во овој бел комбинезон“! – нашата фолк пејачка Сања Сани Гроздановска беше прозвана дека облекла слична, ако не и иста гардероба како и фолк српската ѕвезда од жирито на „Гранд“!

„Ако неодамна Елена Велевска беше спомената дека потсетува на српската ѕвезда, овојпат нема забоиколување дека фолк пејачката Сани посака целосно да изгледа како Карлеуша“ – напишавме тогаш и не дека не бевме во право, зашто како што велат, ако „козата лаже, рог- не лаже“, па приложените  фотографии за споредба на кои обете фолкерки се променети во ист, бел комбинезон, тоа и  го потврдува на некој начин.

Арно ама и Сани не е од лани, па реши да не демантира… Ако не нас, тогаш сите оние што веруваат дека српската фолк ѕвезда прва се облекува онака како што останататите подоцна ја копираат. Затоа нашата фолк ѕвезда извади „црно на бело“ – фото докази со кои Сани целосно ја „разобличи“ Карлеуша и нејзиниот мит околу гардеробта и нејзиниот уникатен стил на облекување.

Имено, Сани ни испрати, а и ги постираше на Фејсбук, две фотографии на кои убаво се гледа кој е „прв на врв“ во изборот на екстравагантната естрадна гардероба кога се пејачките од естрадата во прашање.

На првата фотографија убаво се гледа дека е во прашање црно-бела комбинација на тесни, елегантно припиени панталони и сако…

…а на втората, познатата сребрено-металик комбинација од високи чизми до или над коленици и кратка спортска јакна!

Само што на обете Сани тврди дека е фотографирана во 2016, а Карлеуша две (2) години подоцна од неа, во 2018 година!? Па сега ти види кој кого копира? Нашава – нивната или обратно?!

Дали е така, како што самата тврди, само Сани знае! Засега – ќе и веруваме… Со ветување дека… ќе провериме!

 

 

To top