Радио Милева редно време е

Сања Савеска од „Брза кујна“ застана пред камери на утринска програма, а поводот нешто големо – свадба! (видео)

Сања Савеска од „Брза кујна“ застана пред камери на утринска програма, а поводот нешто големо – свадба! (видео)

Токму кога можеби помисливте дека на водителката од „Брза кујна“ најпосле и дошол редот да се мажи и да прави свадба, работата е стои нешто поинаку.

Поводот поради кој Сања ја видовте на друга телевизиска феквенција, односно утринската на МРТВ, беше тоа што таа е домаќинка на претстојниот „Саем на венчавки“ кој ќе се случува од 23-ти до 25-ти февруари. За да нема забуни и нејасни нешта, Сања ова го најави уште во месец ноември минатата година кога јавно откри дека оваа 2024 година ќе биде нејзина како водителка и домаќинка на настанот.

Тогаш сподели и дека нема да носи венчаница, но ќе има поинаква репрезентативна улога.

„Традиционално и оваа година се одржува далеку препознатливиот “Саем за Венчавки”. Јас оваа година не облекувам венчаница, но ќе бидам домаќин и водител и ќе уживам во убавината на свадбените декорации и венчаници но и на целосниот гламур на “Wedding Expo-Skopje” од 23-25 февруари“ – напишала тогаш Сања.

Сега во одбројувањето на деновите пред настанот, Сања е „пушка“ подготвена за се она што следи за сите кои се заинтригирани и пред подготовка на така големиот свадбен чин.

Па кој знае, можеби токму 2024-тата ќе биде годината на одлука Сања Савеска конечно да го каже судбоносното – ДА, а наедно веќе е информирана и искусна за се’ она што треба да знае, најде, организира како идна невеста.

За потсетување, актуелната водителка е во долгогодишна љубовна врска, живее заеднички живот со неврохирургот Томи, и не ретко знае да изјави дека тој е вистинскиот.

Фото: Инстаграм и Фејсбук/sanja_saveska

To top