Секогаш насмеана, позитивна, ведра и енергична пред камери, вака накусо би можеле да ја опишеме ТВ водителката Сања Савеска од кулинарското шоу „Брза кујна“ која иако и претходно работеше како водителка, гледачите најмногу ја познаваат од проектот на кој работи веќе неколку сезони.
Сања најчесто ја гледаме во елегантни и женствени стајлинзи пред камера, а оние кои се грижат за нејзиниот изглед не ретко ја избираат спортската елеганција од нејзиниот визуелен печат.
Но, оние кои сакаат да видат и да дознаат нешто повеќе за неа, ја следат на социјалните мрежи каде може да ја видат и во едно сосема поинакво светло, од лежерно, па до свеечено издание со умерена доза на сексапил и провокативост.
Изминатиот викенд, Сања иамеше повод, односно свечена прилиока за која беше стилизирана во издание какво не сме ја виделе досега.
Имено, таа се одлучила за црн светкав деколтиран комбинезон кој ја истакна нејзината витка линија, а измазнетата коса и суптилниот накит и впечатливо нашминканите очи придонесоа да изгледа светски.
Поинаква и секси како никогаш досега!
фото:фејсбук/Сања Савеска