Радио Милева
хит видео

Сања Маринковиќ „ќе скршеше нога“ на црвен килим кога ја виде Јелена Карлеуша за неа (видео)

Сања Маринковиќ „ќе скршеше нога“ на црвен килим кога ја виде Јелена Карлеуша за неа (видео)

На социјалните мрежи се појави хит видео од забавата на магазинот „Стори“ во главниот град на Србија на кое е снимена реакцијата на водителката Сања Маринковиќ кога ја здогледа Јелена Карлеуша.

На настанот кој се одржа пред неколку дена се појавија многу јавни личности, меѓу кои поп дивата Јелена Карлеуша и водителката Сања Маринковиќ.

Во врска со ова, на социјалните мрежи се појави хит видео кое предизвика лавина од коментари, а во кое имаме можност да го видиме погледот на Сања Маринковиќ насочен кон Јелена Карлеуша, во моментот кога музичката ѕвезда стапна на црвениот килим.

Инаку, пејачката за оваа пригода беше облечена од глава до петици во „Баленсијага“, а посебно внимание привлече нејзината чанта во форма на ракавица од истиот бренд.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева