Лицето на музичкото шоу „Ѕвезде Гранда“ реши да го одвои приватното од бизнисот и максимално да ги заштити своите најблиски од љубопитната јавност, па семејните фотографии се вистинска реткост на нејзиниот „Инстаграм“ каде е и активна и што познато е дека таа е во брак со Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија.
Сега решила да згреши и да објави прекрасни кадри од Ровињ на кои позира во прегратките на својот сопруг, а за тоа имала посебна причина.
Имено, сопругот на Сања Кужет и атрактивната водителка денеска ја прославија својата деветта годишнина во прекрасна морска средина, а колку се хармоничен пар сведочат нивните насмевки, нежни погледи и прегратки.
Честитки по повод овој многу важен датум за нив се редеа на профилот на убавата водителка која зрачи од среќа покрај саканиот.
Иако ретко зборува за својот брак во јавноста, еднаш откри дека нивната љубовна приказна започнала во средно училиште.
– Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно. Еден поглед е доволен за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјавила таа, пренесе „Блиц“.
– Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е нашата заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе – истакна водителката.
фото:Инстаграм принтскрин