За некои од македонските фолк пејачки, далечните топли кареви на земјата станаа ултра атрактивни дестинации кои практикуваат и сакаат да ги посетат во овој период.
Една таква која е особено популарна е на Занзибар во Танзанија. Неодамна во овој дел на Африка беа пејачките Адријана Кеш и Ирена Вељоска, а исто така беше и албанската пејачка Туна Сејдиу.
View this post on Instagram
Сега во својата агенда оваа егзотичка дестинација ја избра и фолекрката Сања Барби. Ова рано лето за Барби не случајно започна во месец март, бидејќи ова е месецот кога таа е родена.
View this post on Instagram
Како славеничка, по многуте свои настапи низ нашата земја, реши и таа да си почести душа, да се одмори и да ужива до максимиум.
А бидејќи кога е дома, најчесто таа е задолжена за песна, овој пат беше почестена таа и тоа со „Македонско девојче“ од некој што веројатно не очекуваше:
View this post on Instagram
Дека си поминува незаборавно, се пофали на своите следбеници на Фејсбук, а не пропушти да се пофали и со моменти од роденденската прослава која ја имала во поголемо друштво.
Егзотика, вода, природа, позитивна енергија од непознатото за кое сигурно ќе има многу да раскажува.
View this post on Instagram
Бројот на годините во случајов беа сосема неважни, туку вредни за споделување беа само убавините кои животот ги пружа, а остануваат засекогаш.
фото:инстаграм принтскрин/Сања барби Цинцева