Живот и Стил

Самоса: Традиционално индиско јадење кое е магија на секој залак

Самоса: Традиционално индиско јадење кое е магија на секој залак

Потребно е:

8 кори
3 варени компири
1 чаша моркови исечени на коцки
1 чаша грашок
1 кромид, исечкан на коцки
1 лажичка кари
половина лажичка ким
сол
бибер

Подготовка:

На малку масло пропржете го кромидот, грашокот и морковот додека не омекнат. Потоа додадете ким, кари, сол и бибер. Тргнете го од оган и во смесата измешајте ги компирите, претходно малку испасирани со вилушка. Оставете ја смесата да се излади. Корите исечете ги на ленти широки 5-6 см. На работ на лентата ставете една лажичка фил и виткајте ги лентите во триаголник. На крајот лепете со малку брашно и вода. Се пржат на врело масло.

Извор: Попара

To top