Од есента кога доаѓа нејзиното време, може да се види на секој агол, а одлична е и во ентериерот и во екстериерот.
Ако мислевте дека нејзиното време проаѓа со доаѓањето на зимата, сте се излажале – пампас тревата и оваа сезона доаѓа во нов облик како прекрасна „елка“.
Накитената елка зазема централно место во нашиот дом, а истата можеме да ја украсиме на безброј начини. Елката од пампас можете дури и самите да ја направите.
View this post on Instagram
Некои повеќе претпочитаат вистински елки со бусен кои по празниците можете некаде да ги засадите, а други се одлучуваат на креативни решенија. За оние кои имаат потреба да ја изразат својата креативност и да направат нешто со свои раце, елката од пампас трева е генијална идеја.
На овие фотографии побарајте инспирација за вашата верзија на овогодишната елка:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: точка.мк