Промотер

„Само Тони и две жени“ вака го прават тоа – „Ширам љубов“ (ВИДЕО)

„Само Тони и две жени“ вака го прават тоа – „Ширам љубов“ (ВИДЕО)

Антонио Ристевски, Тинче Стојанова и Марија Докузова или меѓу естрадниот свет познати како „Само Тони и две жени“  имаат нова песна насловена „Ширам љубов“.  Тоа е четврта по ред авторска песна на триото, кое минатата година славеше пет години од своето постоење.

Покрај бројните преработки на македонски хитови,  тие зад себе ги имаат и три авторски песни: „Глава ме стега“, „Не ме оставаш да спијам“ и “Луда мала“… 

„Ширам љубов“ на „Само Тони и две жени“, од вчера,  20 јануари 2019 год. го започна својот поход во македонскиот етер. Овој пат триото е засилување од колегата Борислав Веселинов познат како Боби Вокер, а сето тоа визуелно го надополнил Ристе Филипов.

Новата песна  авторски ја потпишуваат двете третини од триото: Антонио Ристески (Само Тони) и Марија Докузова (Маца), а истата е снимена е во студиото на Димче Китрозоски, кој се погрижи за мастерингот.

Како звучи и изгледа кога „Само Тони и две жени“  шират љубов, дознајте во продолжение.https://www.youtube.com/watch?v=4Nvz-0_Fzfg

 

To top